УБАВА ВЕСТ: Наскоро сите ученици во Македонска Каменица ќе добијат бесплатна училишна униформа

Македонска Каменица, 22. 09.2023 година – Денеска градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и директорот на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, Виктор Горгиевски разговараа за изнаоѓање на начини и преземање на потребните чекори на институциите, за воведување на задолжителна училишна облека за учениците во каменичката деветолетка, – соопштуваат од општината.

„Со денешните разговори ги започнуваме активностите за воведување на училишните униформи. Како што стои и во мојата програма и програмата за работа на локалната самоуправа, се надевам, дека многу наскоро заедно со директорите на училиштата, наставниот и стручниот образовен кадар, со поддршка од родителите и од сите чинители во заедницата, ќе успееме во намерата за сите ученици да обезбедиме бесплатна училишна облека“, – изјави градоначалникот Атанасовски.

Тој додаде дека целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во иста облека и да се навикнат на соодветен кодекс на облекување. На тој начин, училишта во Македонска Каменица ќе ги достигнат стандардите на училиштата од останатите градови во државата и европските метрополи.

 

 

Со воведувањето на бесплатната училишна облека се очекува да се постигне и чувство на еднаквост помеѓу децата. Да нема поделби и разлики помеѓу нив во начинот на облекување, а од друга страна, обезбедуваме намалување на трошоците за родителите при купување на гардероба.

Воведувањето на бесплатната училишна облека во нашето училиште е важен чекор кој го правиме за подобро општествено и образователно искуство за сите наши ученици. Униформата не е само облека, таа е симбол на нашата образователна заедниц, која носи многу предности, – истакна директорот В. Горгиевски

Како непосредни придобивки од воведувањето на училишна облека, директорот Горгиевски истакна, дека униформите ќе помогнат да се почувствуваме како дел од образовната заедница како целина; подобрена безбедност; отстранување на социјалните разлики; Подобрен и препознатлив имиџ на училиштето, како и подобрена концентрација при наставата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *