УБАВА ВЕСТ: Музичкиот караван на MASS Academy и Еуритмикс доаѓа во Домот на култура во Македонска Каменица

Музичкиот караван на MASS Academy и Еуритмикс доаѓа во Домот на култура во Македонска Каменица

 

Шестиот концерт на членовите на MASS Academy и Танцов Клуб „Еуритмикс“ во оваа 2023 година, ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица на 15 септември, со почеток од 18.00 часот.

Нашиот музички караван најпрво ќе застане во Македонска Каменица. Повелете на едночасовно дружење во Домот на култура. За вас ќе свириме, ќе пееме и ќе танцуваме, – велат од музичкиот клуб MASS Academy и танцовиот клуб „Еуритмикс“ во поканата до граѓаните и љубителите на музиката од Македонска Каменица и регионот.

– Ветуваме многу позитивна енергија со ритмите на Street Dance танцовите и со модерните звуци на нашата музика. Оваа прилика ја користиме, да најавиме една убава соработка со младите од вашиот град. Сакаме, заедно со нив, да оформиме музичка и танцова група и во Македонска Каменица. Затоа во петок, во 18:00 часот, бидете во Домот на култура, – дополнуваат од музичкиот клуб MASS Academy.

Масс Академи е клуб во склоп на Здружението на граѓани „Еуритмикс“ – Делчево, каде се изучува пијано, гитара и пеење. Исто така, во склоп на здружението „Еурутитмикс“ работи и танцовиот клуб „Еуритмикс“ каде деца и млади учат да танцуваат модерен или хип хоп танц, односно Street Dance. Во двата клубови вкупно членуваат над 40 членови. Постојат реалтивно кратко време, односно нешто повеќе од една година.

Двата клуба ги води м-р Елена Ѓеоргиевска, магистер по пијано, музичар со долгогодишно работно искуство на полето на музиката. М-р Ѓеоргиевска, од 2021 година работи во СОУ„М.М.Брицо“ – Делчево и СОУ„Миле Јаневски – Џингар“ – Македонска Каменица. До 2021 била вработена во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, и на Музичката Академија како пијанист корепетитор. Со своите ученици има освоно бројни награди во земјава и странство.

Концерот е во соработка со КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица. Влезот на настанот е бесплатен, истиот ќе биде пренесуван во живо на вашиот мултимедијален сервис, Каменица.Мк.

Линк до настанот: https://m.facebook.com/events/2391056901103128?mibextid=Nif5oz

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *