Убава вест за најмладите: Рудник САСА распиша јавен ликовен конкурс за детски цртежи

Отворен повик  за учество на ликовен конкурс за деца 2023

 

Македонска Каменица, 03. Ноември 2023 година – И оваа година, Рудник САСА распишува јавен ликовен конкурс за детски цртежи со мотиви кои се поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за луѓето, семејство и локалната заедница.

На конкурсот може да учествуваат сите деца од 5 до 15-годишна возраст кои живеат на територијата на општина Македонска Каменица, како и децата на вработените во САСА на таа возраст.

 

 

Ликовните творби треба да се достават најдоцна до 27 ноември 2023 година во Канцеларијата за комуникација со заедницата на Рудник САСА (ул. „Рударска“ бр.28, Македонска Каменица). Вработените во САСА може да ги достават творбите на своите деца во канцеларијата на Службата за персонал.

На задниот дел од цртежот треба да се напишат следните информации: име и презиме на детето; име и презиме на родителот/старателот; датум на раѓање на детето; адреса на живеење и телефонски број за контакт. Со доставувањето на својата ликовна творба, детето и неговиот родител/старател автоматски даваат дозвола дека истата да може се користи од страна на САСА.

До крајот на ноември посебна комисија ќе ги избере најдобрите 12 ликовни творби за кои членовите на комисијата веруваат дека најдобро го преставуваат рудникот САСА и неговиот придонес за луѓето и заедницата. Секој од победниците ќе биде награден со по 3.000 денари. Овие цртежи ќе бидат искористени за изработка за календар за 2024 година кој ќе биде наменет за вработените и соработниците на САСА, како и за други соодветни прилики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *