УБАВА ВЕСТ: ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ГРАДСКОТ БАЗЕН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Започнува со работа градскиот базен во Македонска Каменица

Јавното претпријатие Камена Река го најави почетокот со работа на Градскиот базен во Македонска Каменица.

Почнувајќи од утре, како што изјави директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да го посетуваат Градскиот базен во Македонска Каменица како место за пливање, рекреација и разладување во текот на претстојната летна сезона.

“Во тек се последните подготовки за отворање и успешна работа на Градскиот базен. Како и во минатите години, ЈП Камана Река планира воведување на повеќе новини со кои дополнително ќе се подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен”, – додаде во изјавата директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски

Базенот ќе работи секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот.

Утре, влезот на базенот е слободен, а во текот на целата летна сезона од 2022 година, ќе биде со цена од 50 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *