Уапсен Митко Чавков

УАПСЕН МИТКО ЧАВКОВПоранешниот директор на Бирото за јавна безедност сабајлево треба да се појави пред судија на претходна постапка – Митко Чавков (Фото: архивска фотографија на kamenica.mk)

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Информацијата за приведувањето ја потврди МВР.

Чавков е уапсен по отворена истрага против него за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ на чело со Зоран Заев, на Зијадин Села кој за малку ќе беше убиен, како и на други пратеници и новинари.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *