Уапсен жител на Виница – физички ја нападнал и принудил на секс вереницата, а чинот го снимил

Физички ја нападнал, ја принудил на секс и го снимал чинот – уапсен жител на Виница кој ја малтретирал вереницата

Дваесет и шестгодишен жител на Виница и приредил пекол на неговата 20-годишна невенчана сопруга во семејниот дом. Недоразбирањето што го имале, минало во физички напад, принуда на полов однос од кој направил и експлицитни снимки, соопшти СВР Штип. Случајот е пријавен во полиција која го лишила од слобода.

„На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А. (26) од Виница, затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја принудил на полови дејствија, при што направил снимка со експлицитна содржина“, соопшти СВР Штип.

Со случајот е запознат и јавен обвинител и по целосно документирање против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *