Уапсен дилер од Кочани, дрогата ја криел во мешалка за бетон

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел наркотична дрога марихуана и психотропна супстанца метамфетамин.

Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати  дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *