Турска компанија, која е сопственик на ФК Гостивар, ја превзема ФК Слога од Виница

Денес и официјално третолигашот Слога од Виница доби нов стабилен спонзор, во името на турската компанија „Енес Уста“, која е сопственик на прволигашот Гостивар.

Со ова се отвара ново поглавје во фудбалскиот клуб Слога, но и воопшто за спортот во Виница. Компанијата е позната по тоа што вложи многу финансиски средства во Гостивар и после една деценија го врати клубот во Првата македонска фудбалска лига.

Според информациите кои доаѓаат од Виница, договорена е соработка со фудбалскиот клуб Гостивар со цел експресно враќање на клубот во Втората македонска фудбалска лига, откако Слога лани испадна од второлигашкото друштво.

„Почитувана фудбалска јавност, почитувани спортски медиуми и новинари, навивачи и симпатизери на ФК Слога 1934 Виница. Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве информираме дека после неколку месечни преговори од страна на нашиот претседател Дејан Михајлов и Сашко Митев член на советот на општина Виница, помогнати од градоначалникот на општината Миле Петков и членовите на Турската заедница во Виница, фудбалскиот клуб Слога 1934 Виница добива нов и стабилен спонзор во името на „Енес Уста“, сопственикот на ФК Гостивар. Договорена е соработка со ФК Гостивар со цел експресно враќање на клубот во Втората македонска фудбалска лига.

Со ова се отвара ново поглавје во фудбалскиот клуб но и во спортот во Виница. Во периодот што следува ќе бидат подготвени и потпишани сите потребни документи, за што дополнително ќе бидете известени, како и за сите новости во клубот. Фудбалскиот клуб се заблагодарува на навивачите и симпатизерите за нивната голема поддршка и вербата во луѓето кои го водат клубот.“

 

 

По шест одиграни натпревари во Третата лига – Исток екипата на Слога е на 4. место со осум бодови и има негатива од шест бодови во однос на лидерот Вардарски. Во следното коло Слога ќе гостува во Струмица каде ќе игра против последнопласираната Тиверија.

Извор: mnet.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *