Тука сме и работиме за доброто на сите

Александр Раков, генерален директор на Рудник Саса

29482FB7F2B7734492C9B11A41E617EC

Рудникот за олово и цинк Саса од Македонска Каменица е најголемиот рудник во Македонија со подземна експлоатација. Вработува 700 лица, остварува најголемо производство, поседува најсовремена механизација, рударите имаат највисоки плати, преку издвојувањето на концесиски надомест за експлоатација на рудата, Рудникот силно и квалитетно влијае на буџетот на општина Македонска Каменица. Покрај останатото, Рудник Саса, по разни основи, во државната каса уплаќа најголеми суми на пари од сите рудници во државата. Deset_uspesni_godini_baner

„Тоа, секако се факти на кои сме горди. Горди сме и на сознанието дека за сите овие десет години успеавме да создадеме единство со локалната заедница кое се чувствува на секој чекор во рударскиот град, при секој разговор со неговите жители. Без оглед дали тие се вработени во Саса, дали учат, студираат, работат во други фирми, институции, сектори, или пак се личности кои го оствариле своето право на пензија, најчесто работејќи во рудникот низ петте децении негово постоење“.

„За мене лично, како генерален директор и најодговорен човек за сите случувања во Рудникот, за сите успеси кои ги остваруваме во континуитет откако сме тука, најважно од се е тоа што Саса има сегашност, но и сигурна иднина. Таа неопходност, таа потреба ја остваруваме со одговорна производна филозофија, со постојано инвестирање на секоја негова позиција, со силна посветеност кон потребите на рударите и сите останати вработени и со постојани геолошки вложувања“ – вели првиот човек во Рудник Саса, генералниот директор Александр Раков.

„По овие десет успечни години, сакам да се потсетам на нашето доаѓање во овој Рудник. Рестартирањето на Саса се случи во 2006 година, откако една година пред тоа руската компанија Солвеј стана негов сопственик. Притоа, неопходно е да се знае дека новиот инвеститор купи еден мошне руиниран рудник, чиј нов стопански живот не беше можен без големи инвестициски вложувања. Бевме свесни и за тоја факт. Затоа не жалевме пари и труд, речиси цело време додека го подготвувавме рудникот за работа, бевме во него. Сите кои работеа на идејата, Саса одново да стане респектибилен рударски колектив, го дадоа најдоброто од себе. Фактот дека со секоја наредна година, Саса одеше и оди по нагорна линија, дека од година во година остварува се подобри се подобри се подобри резултати, дека никогаш за изминатата деценија не го има прекинато, ниту на еден ден, процесот на производство, иако се соочуваме со силна турбуленција во цените на нашите метали, само ги потврдува сериозните намери на инвеститорот. Од пред неколку месеци, рудникот е со нов сопственик и инвеститор, но во нашата развојна и производна филозофија не се промени ништо, и понатаму остануваме силно посветени на потребата секоја наредна година да ја испишеме со нов успех на секое поле. Новиот сопственик, американскиот инвестициски фонд „Орион“, преку менаџерската компанија Lunx Resources Ltd. се грижи за навремени и оправдани вложувања во Рудникот. Стратегијата на новиот сопственик е насочена кон усогласување на работењето со т.н. екваторијални принципи на водење бизнис, кои подразбираат импликација на најразвиени и најбезбедни технологии и еколошки стандарди, како и високо ниво на општествена одговорност на компанијата во соработка со сите релевантни институции на локално и централно ниво, сестран развој на вработените и безбедноста и здравјето при работа“.Саса

„Како и секоја одговорна компанија и ние го планираме нашето производство. Притоа, се водиме од можностите на Рудникот, неговиот потенцијал во однос на рудното богатство и неопходноста Саса да опстои подолго време за добробит на сите луѓе кои работат во неа и за доброто и просперитетот на луѓето кои живеат на овој простор. Во таа насока, инвестираме во отворање на нови рудни ревири со што влијаеме на продолжување на животниот век на Рудникот“. – вели во продолжение генералниот директор на Рудник Саса, Александр Раков.

„Како генерален директор, јас сум многу среќен што нашиот менаџерски тим е составен од квалитетен кадар кој со најголема одговорност им приоѓа на работните обврски кои не се мали, а во еден добар дел, се и доста сложени. На најзначајните позиции ги имаме најдобрите луѓе, речиси сите се прекалени експерти од каменичкото подрачје и пошироко, луѓе кои подолго време работеле во овој рудник. Исто така, горд сум на фактот дека ние имаме исклучително квалитетни рудари, флотери и вработени на други позиции, што говори дека функционираме како едно големо и сложно семејство, во кое секој си ја знае својата работа, својата одговорност и на таа идеја секој силно и посветено работи“.

„Всушност, во оваа тријада – квалитетен менаџерски тим, одлични стручњаци на важни позиции и квалификувани рудари, Саса го гради својот успех, кој трае без прекин сите овие десет години“.

„Во оваа прилика, кога одбележуваме десетгодишен јубилеј, сакам да им се заблагодарам на сите вработени за големиот придонес. Тоа е најсилната гаранција дека со успех ќе одговориме на сите предизвици кои ќе ги донесе времето кое е пред нас. Рудникот за олово и цинк „Саса“ и понатаму ќе остварува завидни успеси на секое поле и ќе биде еден од најуспешните репрезенти на националната македонска економија“ – подвлече на крај Александр Раков, генерален директор на Рудник Саса.Rudnik_sasa_dooel(текстот е од монографијата издадена по повод десет години од рестартирањето на Рудникот за олово и цинк „Саса“ – „10 години нов живот“)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.