Влатко Стојановски од Македонска Каменица потпиша за тимот на Сплит

Младиот Влатко Стојановски кој последните денови беше на проба во тимот на Сплит потпиша договор и стана дел од овој хрватски прволигаш. Младиот, сега веќе екс играч на Металург, извесен период се наоѓаше во Хрватска каде што се обидуваше да се наметне кај стручниот штаб на овој тим и каде што одигра и неколку пријателски средби.
Хрватите очигледно се задоволни од она што го видоа и решија да му понудат тригодишен договор. Металург за ова доби обештетување кое е тајна, но од „Железарница“ велат дека се задоволни со она што го добиле за младиот шпиц играч. Со ова се заврши сагата околу иднината на Стојановски кој минатата сезона одигра голема улога во тимот на Металург иако екипата испадна од првата лига.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *