Тренажниот процес во ФК Каменица Саса ќе го водат тренери од Македонска Каменица

Тренажниот процес во ФК Каменица Саса ќе го водат тенери од Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 06.04.2023 година – По прекинот на соработката помеѓу ФК Каменица Саса и досегашниот тренер Љупчо Димитковски – Гањо, на одржаните состаноци на Собранието и Управниот одбор на клубот, донесена е одлука до завршувањето на натпреварувачката сезона клубот да продолжи да работи со тренерите Сашко Мицевски, Дејан Јаневски и Стојче Анакиевски како тренер на голмани. Станува збор за тренери од Македонска Каменица, кои и досега беа ангажирани во спроведувањето на тренажниот процес во клубот. Сите се поранешни фудбалери и тренери на ФК Каменица Саса, со свој придонес во постоењето и развојот на клубот од Македонска Каменица.

Фудбалерите на Саса, во текот на вчерашниот ден веќе одржаа тренинг воден од Јаневски, Мицевски и Анакиевски. Атмосферата помеѓу фудбалерите и тенерскиот тим е на задоволително позитивно ниво, со единствена цел опстанок во Втората фудбалска лига на Македонија.

 

Веќе во сабота, на 08. Април со почеток од 15:00 часот, на градскиот стадион во Македонска Каменица, екипата на ФК Каменица Саса го дочекува ФК Кожув од Гевгелија. Исклучително важен натпревар за каменичани, бидејќи со победа и нови три бодови Саса добива многу поизгледни шанси за бегство од критичната зона на испаѓање. По одиграни 22 кола од Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на Саса е на 13 позиција со 17 бодови. Два повеќе од засилениот Тетекс и три помалку од Локомотива Скопје.

Затоа во сабота е потребна силна и масовна поддршка од трибините!
Да навиваме и заедно да се радуваме на победите на Саса!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *