ТРАНСФЕР БОМБА: Марјана Нацева од ЖФК Каменица САСА премина во бундеслигашот Борусија Дортмунд

Една од најдобрите во редовите на ЖФК Каменица САСА и во редовите на македонската фудбалска репрезентативка, Марјана Нацева, го направи трансферот од соништата, откако досегашниот дрес на шампионот од Македонска Каменица го замени со тој на бундеслугашот Борусија Дортмунд.

Станува збор за 28-годишна фудбалерка, која игра во нападот и која трансферот меѓу „милионерките“ ќе ѝ биде прв интернационален предизвик. Таа изминативе две години ги мина во составот од Македонска Каменица, а претходно настапуваше за Борец, Наше Такси и ЖФК Драгон.

Од ЖФК Каменица САСА, во информацијата за јавност, упатуваат честитки, благодарност за направеното со одличните игри во клубот од Македонска Каменица и желби за понатамошен успех до Марјана Нацева, објавувајќи дека, “после успешниот пробен период нашата фудбалерка Ману, потпиша договор со германскиот гигант Борусија од Дортмунд”.

Нацева веќе е во Дортмунд, каде што го потпиша договорот со Борусија и веднаш ќе му се приклучи на новиот колектив. Таа од 2011 година е репрезентативка на Македонија, а во националниот дрес има тринаесет официјални настапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *