Трамп ја укинува “лотаријата за зелена карта”

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата со која странците можат да добијат зелена карта за престој во САД, објави АФП.

„Денес го започнувам процесот на укинување на програмата за лотарија. Ќе побарам од Конгресот веднаш да почне со работа тоа да се укине.“ Оваа програма делуваше добро, но не е добра и не беше добра, ние сме против неа. Сакаме програма базирана на бракови, за луѓето кои се во брак да можат да дојдат тука“, рече Трамп.

Објавувањето на ваквата одлука следеше по откритието дека терористот одговорен за нападот во Менхетен во САД пристигнал преку Програмата за лотарија за виза за разноликост, каде добил зелена карта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *