ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Народен собир во Долна Саса по повод големиот христијански празник Свети Илија – Илинден

По повод големиот христијански празник Свети Илија – Илинден, во Долна Саса ќе се одржи народен собир.
Претседателот на црковниот одбор во село Саса 1, Драган Маринковски истакна дека во рамки на частувањето на празникот, со почеток од 16:00 часот, ќе биде поделен осветен ручек за здравје.
Од Црковниот одбор во село Саса 1, со упатената покана до сите сограѓани да бидат дел од народниот собир, изразуваат особена радост што ќе бидат почестени од присуството на што поголем број сожители од Македонска Каменица и регионот. Само така можеме да ја зачуваме традицијата пренесувана од колено на колено низ годините наназад, – велат од Црковниот одбор во село Саса 1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *