ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИК ОД ДЕЛЧЕВО ПРИ РАСПРАВИЈА СО СОУЧЕНИЦИ

Ученик од Делчево тешко повреден при расправија со соученичка

Расправија меѓу двајца ученици на осумгодишна возраст, ескалирала со тешки телесни повреди кај еден од нив.

Како што информираат од МВР, вчера во селото Разловци – Делчево, во тамошното основно училиште, меѓу часовите во текот на големиот одмор, настанала меѓусебна расправија меѓу ученик на возраст од осум години и ученичка од истото училиште на истата возраст.

Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што истиот станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови.

Кога си заминал дома, бидејќи му се влошила здравствената состојба и паднал во безсознание, бил однесен во амбуланта во Делчево.

Оттаму, со возило на Итна медицинска помош детето било пренесено во Медицинскиот Центар во Кочани, а потоа како итен случај веднаш бил префрлен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *