Тековни работни активности за уредување на повеќе локации во Македонска Каменица

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски објави соопштение за јавноста, каде ги истакна тековните градежни активности кои се спроведуваат во урбаната и во приградските средини од градот.

– Станува збор за реконструкција на главниот цевковод за водоводна мрежа кај филтер станицата за потребите на жителите на Македонска Каменица во вкупна должина од 200 метри, изградба на пешачка патека за поврзување на улица 28-ми Август со паркинг просторот на улица Рударска, изградба на пешачката патека кај Стопанска банка во централното градско подрачје, – истакнува во соопштението градоначалникот Атанасовски

 

Претходно, преку извршувањето на тековни работни активности на ЈП Камена Река беше поставена заштитна ограда во село Саса – маала Ристовци, Османлии, Грујовци и Миовци, со што е подобрена безбедноста и мобилноста во сообраќајот на повеќе критични места, прочистен е локален пат во село Цера до маало Степановци, отстранети се стари и дотраени стебла кај старите градски гробишта во централното градско подрачје и поставена е пропусна цевка и прочистен е локален земјен пат во село Костон Дол до маало Ума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *