ТВ Телма: Намалување на акцизата за горивата и укинување на ДДВ-то за храна, струја и парно

Намалувањето на акцизата за горивата, како што неофицијално објави ТВ Телма, би било за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%

ДДВ-то би се укинало за ограничена листа основни продукти

Владата се подготвува утре да донесе две крупни мерки како одговор на ценовната криза, јави Телма ТВ во вечерашната емисија „Топ тема“.

Една од мерките, според неофицијалните информации на телевизијата, најверојатно, ќе биде намалување на акцизата за горивата за 30 отсто, иако се разгледувале и сценарија за намалување за 10% или 20%.

Втората мерка, пак, ќе се однесува на укинување на ДДВ-то за конкретна ограничена листа на прехранбени продукти, за струјата и за парното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *