Творештвото од “Пијанец” оди на Саемот на книгата во Скопје

Творештвото на делчевските роднокрајни автори ќе биде дел од глобалниот настан на Саемот за книгата  на меѓународната средба на библиотекарите и издавачите на тема- Јавните библиотеки- космички центар на заедницата, организиран од најголемата локална библиотека во земјава „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

  • Ние се гордееме со нашите автори и затоа сакаме да направиме една популаризација на нивното торештво. Подготвуваме видео материјал за творештвото на Миле Ѓорѓијоски, Славчо Десподов, Димитар Узунски, изјави Анита Петровска, библиотекар.

Освен овие последни изданија од роднокрајните автори, делчевската бибиотека трагаше и по сите творечки имиња од Делчево кои ќе се најдат на отворениот штанд.

  • Овде ќе се најде и творшетвото на Христина Деловска, Димитар Стојчевски, Перса Стојановска и многу други, кажа Петровска.

Делчевската библиотека прв пат учествува на еден  ваков настан.

  • Овој настан е од големо значење за библиотеката и е директно насочен кон подигање на свеста за значењето на библиотеките во општеството, а во нашиот случај и за запознавање на роднокрајните автори, рече Петровска.

Инаку, на едно место на 6 април на Скопскиот саем , освен македонските ќе се најдат и библиотеки од Бугарија, Србија и Словенија, а сето ова се организира со единствена цел да се разбуди свеста за книгата, но и општествената одговорност кај претставниците од бизнис заедницата и одговорноста на државните институции за градските библиотеки.

Извор:

Даниела Такева

Телевизија Стар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *