Се асфалтира патот до Сарафска маала во Саса

Општина Македонска Каменица во текот на 2016 година обезбеди ЕУ грант во износ од 260.000 евра. Со овие средства покрај патот до Перчачка маала, се гради и патот во Сарафска маала во село Саса.
Овие неповратни средства се обезбедени од Европската Унија, програмата се имплементира преку Министерството за финансии на РМ, а истите се администрираат од страна на Светска банка.
Крајната цел е да се подобри инфраструктурата во руралните области.
Инаку, патот до Сарафска маала е со вкупна должина од околу 2 километри, ширина на коловозот од 3,5 метри, а фирма-изведувач е Жикол од Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *