Студено утро во Македонска Каменица, преку ден сончево со температури до 3 степени

Времето утрово студено, преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Македонска Каменица ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура утрово се спушти до -8, а максималната ќе достигне 3 степени.

Викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *