Стефанија Ристова е нова фудбалерка на ЖФК Каменица Саса

Екипата на Каменица Саса која презими на второто место на табелата во Првата женска фудбалска лига го претстави своето второ зимско засилување.

Станува збор за Стефанија Ристова која доаѓа од редовите на Истатов, а новото засилување на Каменица Саса во својата кариера има настапувано и за Борец, Интернационал и Скопје, а интернационална кариера градеше и во Србија настапувајќи за екипата на Машинац.

Саса добива одлично засилување во нападот, брза, квалитетна и снаодлива фудбалерка на теренот, која треба да биде голем адут во поход по титулата.

Претходно, Каменица Саса се засили со Радица Велкова, за што објави телевизија М Нет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *