СО ТРИПЛ-ДАБЛ НА САЊА АДАМОВСКА, БАСКЕТ КАМ ПО ВТОР ПАТ ГО РЕШИ БАДЕЛ

По изедначеното прво полувреме, во кое изненадувачки, „баделки“ имаа еден поен предност (27:26), пресудна беше третата четвртина од вториот финален натпревар во оваа серија која треба да го даде новиот шампион на Македонија.

Односно периодот од 25. до 30.минута од играта во кој домашната екипа од негатива од два поени (36:38), стигна до резултатски пресврт. На крајот на третата четвртина, Баскет Кам 2011 поведе со (51:42), и предноста не ја испушти до крајот на натпреварот.

А го одбележи едно неверојатно индивидуално остварување. Го реализираше Сања Адамовска.

Македонската репрезентативка одигра меч за паметење. Забележа трипл-дабл ефект, до кој дојде преку реализација на десет поени, исто толку асистенции, но и 11. скока во оние 40.минути кои ги помина на теренот!

Момент кој навистина ретко се забележува во историјатот на финалните натпревари во женска кокуренција.

Извор: КФСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *