Со низа настани и манифестации Македонска Каменица го одбележа Меѓунарониот ден на лицата со посебни потреби

Македонска Каменица, 04.12.202 година – Со низа настани Македонска Каменица го одбележа 3. Декември – Меѓународниот ден на лица со попреченост во развојот. Градоначалникот Димчо Атанасовски за овие лица додели ваучер во износ од 30.000 денари, а најави зголемена поддршка за наредната година.
– Намерата е да биде обезбедена еднократна парична помош за сите овие лица, како и зголемена поддршка за невладиниот сектор кој делува во оваа област. Зголемената инклузивност на лицата со пречки во развојот во сите општествени текови е приоритет за Општина Македонска Каменица, која пак, во наредните години силно ќе инвестира во проекти од социјален карактер, – изјави Димчо Атанасовски, градоначалник на општина Македонска Каменица
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со пречки во развојот, членовите на ЦПЛИП „Порака“ од Македонска Каменица го посетија Шаховскиот клуб „Каменица САСА“ каде имаа можност да другаруваат и да научат нешто повеќе за оваа спортска игра од членовите на клубот.
Линк до видео: https://fb.watch/hcwwHPpu0K/
Исто така, во просториите на Домот на култура, во соработка со КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица се одржа едночасовна пригодна програма по повод Меѓународниот ден на лицата со пречки во развојот, каде настапија членовите на ЦПЛИП „Порака“ и Школото за глума на млади актери од Македонска Каменица.
Линк до видео: https://fb.watch/hcwtFgD3VX/
Одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби заврши синоќа, со културно забавна програма во која покрај лицата со посебни потреби учествуваа и поголем број на граѓани на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *