Со крупна механизација на терен ЈП Камена Река ги чисти земјените наноси од локалните патишта по вчерашните поројни врнежи

Македонска Каменица, 15. Јуни 2023 – По синоќешните поројни дождови кои ја зафатија територијата на Општина Македонска Каменица, екипите на ЈП Камена Река се на терен и делуваат на повеќе критични локации и најпогодени места од невремето

Со вклучена крупна механизација, од раните утрински часови, екипите ги чистат земјените свлечишта во приградската населба Павлиш Дол, во Саса кај маало Османлии и Ристовско маало, како и во Паровско маало во село Косевица, – стои во текстот од соопштението за јавност објавено од ЈП Камена Река

Во продолжението од текстот на соопштението од ЈП Камена Река додаваат дека, “будно ја следат состојбата со локалната патна инфраструктура во останатите делови од градот и во сите рурални средини”.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Квалитетна и поволна монтажа на сите видови керамички плочки

Екипите на ЈП Камена Река, со сите расположливи капацитети останува на терен, како што велат во соопштението, со цел обезбедување на подобрена мобилност и непречен пристап кон домовите на сите граѓани на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *