Со дигиталната платформа „мЗаедница“ до полесно остварување на правата и во општина Македонска Каменица

Со дигиталната платформа „мЗаедница“ до полесно остварување на правата и во општина Македонска Каменица

Македонска Каменица им се приклучи на македонските општини кои се дел од дигиталната платформа „мЗаедница“ чија главна цел е реализација на двонасочна комуникација со граѓаните. Веб и мобилната алатка ја изработи Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ и досега се вклучени општините Македонска Каменица, Битола, Аеродром, Карпош, Кочани, Крива Паланка и Валандово.

Станува збор за мултифункционална платформа преку која граѓаните имаат можност да поднесат предлог или проблем и да го следат
неговото решавање; да остварат директна комуникација со вработените во општинската администрација; да аплицираат за општински субвенции; да следат новости во општината
и од неодамна, да направат упис на деца во градинки и во основни училишта и да ја искористат „мСоветник“ (алатка за директна комуникација на граѓаните со избраните советници и запознавање со работата на Советот).

 

– Секој чекор што води кон подобро функционирање на општината и кон напредок на комуникацијата со жителите е апсолутен бенефит за сите. Работиме транспарентно и секогаш сме отворени кон граѓаните како и кон нови опции за да ги олесниме сите процеси. Поради тоа одлучивме да се вклучиме во оваа дигитална платформа. Се надеваме дека што е можно повеќе жители ќе ја симнат апликацијата и ќе ги искористат сите нејзини предности – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски.

„мЗаедница“ е интерактивна дигитална платформа која се состои од мобилна и веб апликација за граѓаните и административен панел за општините. Им овозможува на
граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и да придонесат заеднички за подобра општина. Воедно, ова беше и единствениот македонски проект кој беше претставен на водечкиот интернационален конгрес посветен на ефективно фунционирање на градовите Smart City Expo World Congress во Барселона, Шпанија.

Мобилната апликација „мЗаедница“ може да се преземе бесплатно за корисниците на паметни телефони со оперативни системи на Android и IOS, а веб апликацијата може да
се користи на следниов линк https://www.mZaednica.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *