СОУ „Миле Јаневски Џингар“ ги отвара вратите за полуматуранитите од Македонска Каменица и регионот

СОУ „Миле Јаневски Џингар“ организира Отворен ден на како дополнителна можност за полуматурантите од Македонска Каменица и регионот за запознавање со условите и предностите при продолжување на нивното образование во училиштето.
– На прагот на вашето завршување на основното образование многу е важна одлуката каде да го продолжите средното образование. Нашето училиште ви нуди можност на отворениот ден на училиштето, кој ќе се одржи на 17.05.2024 (петок), од блиску да се запознаете со струките и образовните профили кои ги нудиме, како и разгледување на училниците и кабинетите, – велат во поканата од средношколскиот центар од Македонска Каменица
Полуматурантите и нивните родители ќе имаат можност непосредно да разговарааат со професори од сите струки, кои подетално ќе ги запознаат со сите профили на стручно образование, како и да добијат одгoвори на сите прашања кои ги имаат во врска со СОУ „Миле Јаневски Џингар“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *