Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево против правно лице со подружница во Делчево и Т.Н. (37) од Скопје, управител на правното лице поднесе кривична пријава за загадување на добиточна храна или вода.
Според полицијата, на 25 јули годинава од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница испуштени се отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.