СООПШТЕНИЕ: ЈОУДГ “БАМБИ” ВРШИ УПИС НА ДЕЦА ОД 9 МЕСЕЧНА ДО 6 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
Детската градинка “Бамби” – Македонска Каменица објави соопштение за упис на деца кое ви го пренесуваме во целост:
Ги известуваме родителите дека ЈОУДГ “Бамби” Македонска Каменица врши упис на деца од 9 месечна до 6 годишна возраст, односно деца родени од 2018 до 2022 година.
Поради навремено формирање на групите пожелно е уписот да се изврши до 09. Јуни 2023 година. Уписот се врши секој работен ден во просториите на установата.
Со почит,
в.д. Тодорка Велиновска