Сончево и топло, температурата се движи кон 40

И денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло врме со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура се движи од 13 до 19, додека максималмата соодветно ќе биде во интервалот меѓу 24 и 39 Целзиусови степени.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8.

Во Македонска Каменица и околината, исто така, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Темепратурата ќе досигне до 35 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *