Следува период со температури длабоко под нулата

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и тивко, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.Утринската температура ќе се движи од -13°C до -6°C, а дневната од 5°C до 13°C.

Во Македонска Каменица ќе биде сончево и тивко со појава на слаба утринска магла. Температурата наутро ќе се спушти и до -13°C, а дневната ќе се искачи само до шестиот степен.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време, односно ведро и студено, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а кон средината на неделата и умерен ветер претежно од северен правец. На повисоките места и на планините ќе биде нешто потопло во споредба со котлините.

Фото: Драган Костовски

Leave a Reply

Your email address will not be published.