Средношколците треба да одат на училиште по 10 часот

Средните училиште во нашата земја започнуваат многу рано со работа. Со оглед на навиките во спиењето на тинејџерите, идеалното време за започнување на часовите би било 11.30 часот наутро. 

Истражувачите од Харвард и Оксфорд велат дека кога децата и тинејџерите би оделе на училиште според биолошкиот часовник, тогаш тие на 10 години би требале да одат на училиште во 8 часот наутро, 16 годишните во 10 до 10.30 часот, а 18 годишните од 11 до 11.30 часот.

Постојат голем број истражувања направени врз основа на спиењето и резултатите и перформансите на училиште, но статијата од Оксфорд и Харвард вели дека училиштата треба да започнат дури и подоцна.

Тинејџерите не се мрзливи – возрасните треба да се прилагодат.

Спиењето е биолошка неопходност, не е мрзеливост. Рагледувајќи ги доказите од истражувањата од целиот свет, истражувачите тврдат дека одењето на училиште подоцна им помага на учениците да научат повеќе, да прават подобри тестови и помалку да бидат намуртени.

Кога државните училишта го поместија започнувањето на часовите од 7.15 на 8.40, на учениците им се допадна промената со што се подобри присуството, постигнувањата, однесувањето и расположението. И родителите покажаа позитивност: 92% рекоја дека им се допадна промената, а родителите изјавија дека било полесно да се живее со децата кога не стануваа толку рано.

Креаторите на политиките и педијатрите постојано потенцираат дека училиштата треба да започнат подоцна. Американската академија на педијатри препорачува дека 8.30 часот е одлично време за започнување со часовите. Истражувачите пак се одлучни – 8.30 часот сепак е прарано за тинејџерите.

 

преземено: http://www.fakulteti.mk/news/15-09-09/srednite_uchilishta_treba_da_zapochnat_so_nastava_posle_10_chasot_nautro.aspx

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *