Следува период на променливо време со пораст на дневните температури

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска.

Во сабота попладне и во текот на ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Времето денеска е променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја
со врнежи од слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, над 70 км/ч особено вдолж Повардарието и во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *