СИТЕ НА СТАДИОН! САСА утре го игра најважниот натпревар во сезоната. Потребна е силна поддршка од трибините!

Македонска Каменица – Утре, 09. Мај 2023 година, со почеток од 17:00 часот, во рамки на 29. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија се среќаваат екипите на Фк Каменица Саса и ФК Локомотива. Исклучително важен натпревар за Саса во борбата за опстанок. Потребна е сигурна победа во последниот натпревар пред домашната публика на Градскиот стадион во Македонска Каменица
– Утре е ден кога сите мора да помогнеме. Да ја одбраниме скоро 60 годишната историја и постоење на нашиот клуб. Сите да бидеме на Градскиот стадион! Да дадеме поддршка од срце на нашите спортски амбасадори! Сите тие се наши деца, сите заедно до победа која ќе обезбеди опстанок на второлигашкиот фудбал во Македонска Каменица! Да покажеме дека Македонска Каменица е спортски град и дека го сака спортот! – се вели во повикот од ФК Каменица Саса упатен до сите љубители на спортот и граѓаните на Македонска Каменица и регионот.
ФК Каменица Саса со 27 бодови се наоѓа на 13 место од табелата. Ист број на бодови има и ФК Локомотива, која е 12-та на листата. Со 25 бодови ги следи неуморниот Тетекс на 14 позиција и веќе забревтаната Слога од Виница со 22 поени.
Една Љубов Еден Клуб!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *