Силен земјотрес во Мостар, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, доцна вечерва ја погоди Босна и Херцеговина.

Силниот земјотрес се почувствува и во Македонија откако граѓани од Скопје, Тетово и Прилеп на социјалните мрежи објавија за силниот земјотрес.

Босанските медиуми објавија дека земјотресот предзвикал вознемиреност на граѓаните во повеќе градови поради што има зголемена фреквенција на луѓе по улиците.

На фотографија која ја објави Дневни аваз се гледа улица во Мостар каде што паднале керамиди од кров на зграда после потресот.

Граѓаните во БиХ информирале дека почувствувале силен земјотрес, додека оние кои живеат на повисоките катови во колективните згради изјавиле дека апаратите за домаќинство се движеле, а исто така попуштиле и слики закачени на ѕидовите кои паднале од силата на земјотресот.

Според првичните информации нема пријавено повредени граѓани, а засега нема регистрирано ниту поголема материјална штета.

Земјотресот е почувствуван околу 23:07 часот, според Европско-медитеранскиот сеизмички центар (EMSC) бил со јачина од 5,7 степени, а епицентарот е во близина на херцеговските градови Билеќа и Столац многу блиску до границата со Црна Гора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *