Се шири доста сериозен стомачен вирус! Нема што нема од симптоми!

Есента е период на многу вируси, меѓу кои чести се и стомачните.

Лекарот по општа медицина д-р Бојан Трајковски, на својот Фејсбук профил, објави кои симптоми се појавуваат при стомачниот вирус и нагласи дека го има застапено во поголем број. Тој им порача на граѓаните и што да преземат во случај да имаат појава на симптомите.

-Хара доста сериозен стомачен вирус! Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…нема што нема од симптоми! Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите. Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија. Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники! – нагласи д-р Трајковски.

Извор: skopjeinfo.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *