Се уредува градското зеленило долж новиот дел од Градскиот кеј на Каменичка река

Директорот на ЈП „Камена Река”, Влатко Димитровски истакна дека екипи на ЈП „Камена река” со вклучена крупна механизација, работат на доуредување на зелените градски површини по извршената доизградба на Градскиот кеј на Каменичка Река.

– Поради градежните активности, како што изјави Димитровски, во изминатиот период, поголем дел од тревните површини долж Градскиот кеј беа уништени или оштетени. Денеска, активно работиме на нивно уредување и на создавање на нови тревни површини со насипување на хумусна земја, рамнење на теренот со градежни машини.

“Овие активности ќе продолжат во текот на целиот месец, сѐ со цел целосно ставање во функција на Градскиот кеј во финкција на простор за разонода, прошетки и рекреативни спортски активности на граѓаните на Македонска Каменица” – истакна Димитровски.

За оваа сезона ЈП „Камена Река” во своите оранжерии произведе над 20 илјади пролетни цвеќиња кои ќе бидат засадени долж новите зелени површини на Градскиот кеј на Каменичка Река и низ централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *