Се решава проблемот со училното осветлување во централното градско подрачје на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 20.01.2021 година – Општина Македонска Каменица во соработка со фирмата ТМ ДОО од Штип која располага со современа опрема за дијагностика започна со решавање на проблемот со уличното осветлување во централното градско подрачје.
„Укажано ни е дека проблемите со осветлувањето настанувале и ќе настануваат поради неколку децении старата, дотраена и честопати оштетувана електрична инсталација“ – стои во соопштението за јавност на официјалниот профил на градоначалникот Димчо Атанасовски
Градоначалникот Атанасовски во соопштението дополнува дека ќе бидат преземени потребните чекори за трајно решавање на овој проблем, истакнувајќи дека „Локалната самоуправа е определена за реализација на квалитетни проекти кои вистински ќе бидат во интерес на граѓаните. Веднаш ќе започнеме со мапирање на сите локации каде треба да се постават нови улични светилки, како и со изработка на проектна документација за поставување на нова електрична инсталација“.
Општина Македонска Каменица во изминатиот период потпиша Договор за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување со ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје. Проектот е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност во Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *