Се разделија тренерот Димитковски и ФК Каменица САСА

Љупчо Димитковски – Гањо, не е веќе шеф на струката на второлигашот Каменица Саса. Тој се раздели со клубот каде што беше прв тренер веќе шест месеци, поточно од септември минатата година кога го наследи Варадиновски на клупата на тимот од Македонска Каменица.

Во моментов тимот на Каменица Саса се наоѓа на 13.место на табелата во Втората лига на Македонија.

Да потсетиме дека Димитковски во минатото беше тренер и на Тиквеш, Хоризонт Т, Детонит и други клубови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *