Се помалку млади во државата и недоволно средства за политики за млади во Македонија

Наодите од анализата „Млади и Попис“ укажуваат дека бројот на млади, на возраст од 15 до 29 години, во државата значително се намалува.

„Ако во 2002 во државата една четвртина од населението биле млади, сега тој број е паднат на 18 отсто. Ако сакаме да ги задржиме младите, да им понудиме можности, да се инвестира во политики за млади и подобрување на нивниот живот, нивното секојдневие“,изјави, Дона Костуранова – Директор во Македонија за фондација за демократија на Вестминстер.

„Треба да искреираме политики и да ги спроведеме тие политики, да го сопреме овој процес на иселување од државата на младите луѓе, да останат тука. Ако ги земете податоците кои ги објавуваме за родените деца во странство од наши државјани, ќе видите дека таму рапидно расте овој податок, а се намалува во земјата,- Апостол Симовски, Државен завод за статистика.

Според истражувањата, се помалку млади се вклучени и во локалните младински совети, затоа што само шест се формирани. Според Законот за млади, 0,3 отсто од вкупниот Буџет на државата треба да се издвои за спроведување на политики за млади, како и 0,1 отсто од буџетот на секоја општина, но тоа не се случува во пракса, потенцираат истражувачите

„Буџетот за млади, односно средствата со кои располага Агенцијата за млади и спорт, а се наменети за млади, не се наменети за спорт се многу мал дел од вкупните расходи на агенцијата и тука сметаме дека треба да се зајакнат капацитетите како финасиски, така останатите капацитети на Агенцијата, Катерина Шапкова – Коцевска.

Според истражувањето на Фондацијата, по степенот на образование, најголем дел од младите во Македонија (48%) се со завршено средно образование, по што следат 30 отсто со завршено основно образование и 14 проценти со завршено високо образование.

Извор: Канал5

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *