Се повлекува флаширана вода од македонските маркети

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува флаширана вода на полиците во македонските маркети. Станува збор за негазирана природна минерална вода „МИРОС“ во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри
Рок на употреба: до 30.08.2024 година

Како што велат од АХВ, причина за отповикувањето е дека станува збор за небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето.

– Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18) – се вели во соопштението на Агенцијата за Храна и Ветеринарство до граѓаните.

Производител на водата е СИЛКА ГРУП- Урошевац, Република Косово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *