Се отслужи Света Божествена Литургија по повод празникот “Свети Три Ерарси” во храмот “Успение на Пресвета Богородица” – Делчево

Во сабота, на 10-ти февруари, кога светата православна црква го празнува споменот на преподобниот Ефрем Сирин, на покана на игуменот на манастирот во Конџељ, Нишка епархија, а по повод неговиот именден, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” беше отслужена Света Божествена Литургија во присуство на игумени од околните манастири и бројно свештенство.

Следниот ден 36-та Недела по Педесетница, епископот Делчевско-каменички г. Марко, на покана на игуменот на манастирот во Суково, отец Серафим, богослужеше и проповедаше за време на Светата Божествена Литургија.

Како што истакнуваат од делчевско – каменичката епархија, на Богослужбата присутен беше многуброен народ. За време на ручекот епископот им се заблагодари на браќата монаси за топлото гостопримство. Истиот ден епископот, заедно со своите придружници беше во посета на манастирот ,,Свети Јован Крстител” во Поганово, Нишка епархија, каде братољубиво беше дочекан од игуменот Мардариј, – стои во продолжението од текстот на соопштението од делчевско – каменичката епархија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *