Се одржува осмата иселеничка средба „Ден на дијаспора 2023“ кај манастирот Еленец во село Цера, Македонска Каменица (ФОТО/ВИДЕО)

Македонска Каменица, 13. Август 2023 година – Денеска, на манастирско туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, Македонска Каменица се одржува осмото издание на манифестацијата „Ден на дијаспора 2023“.
Во рамки на отварањето на настанот, пред присутните граѓани на Македонска Каменица и регионот, се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близанковски, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и претседателот на македонското здружение во Рикалдоне, Италија Златко Милчевски.

Во рамки на настанот организаторите доделија благодарници за учесниците,  претставник на македонското здружение во Рикалдоне, директорот на Агенцијата за Иселеништво, Слободан Близнаковски и градоначалникот на М.Каменица, Димчо Атанасовски кој пред присутните истакна дека е најдобро кога иселениците се дома порачувајки денешниот ден да го искористат за размена на идеи и можностите кои ги нуди Агенцијата овде и во странство.

Пред некое време бевме во посета на повеќе општини во Италија и Швајцарија. Посетивме места каде што има бројни наши иселеници, но најдобро е кога сте тука присутни, бидејки дома си е дома. Јас очекувам да имате убав ден и многу дружење, разменување на идеи и сите можности кои Агенцијата за иселеништво може да ни ги обезбеди нам, и на нашите иселеници низ државите, рече градоначалникот Димчо Атанасовски.

Во своето обраќање пред присутните на манифестацијата, директорот на Агенијата за иселеништво Слободан Близнаковски истакна дека „Македонските иселеници во буџетот внесуваат околу 800 милиони евра и како такви се дел од економската стабилност на државата. Секојдневните средства со кои иселениците директно ги потпомагаат своите најблиски како што додаде Близнаковски се директни донации во Буџетот на државата што влијае за економски просперитет на Македонија.

– Имате и индиректни донации кон буџетот на Р.Македонија, каде вие исто така инвестирате во недвижности реконструкција на вашите домови ,но и во имотно правни односи затоа голема почит кон вас, голема почит затоа што на годишно ниво според статистиката која се води, вие внесувате околу 800 милиони евра во буџетот, што значи дека сте сериозен и стабилен столб на финансирање на државата, – додаде Близнаковски

Претседателот на македонското здружение во италијанската општина Рикалдоне Златко Милчевски, во поздравото обраќање помеѓу другото истакна, дека за иселениците од Македонска Каменица најважно е успешно да продолжи плодната сработка со нашата Општина и со Агенцијата за иселеништво и во иднина, додавајќи дека секоја поддршка за нашите иселеници во странство е од огромно значење.

Настанот го организираше Културно информативниот центар „Романса” во соработка со Општина Македонска Каменица. За културно забавната програма, со која продолжи настанот, покрај настапите на најмладите членови на Културно уметничкото друштво „Вера Јоциќ“, свое учество земаат Модерато Бенд и естрадниот уметник Душко Георгиевски.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНОТ КЛИКНИ ОВДЕ

За ВИДЕО од отварањето на иселеничката средба „Ден на Дијаспора 2023“ кликни ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *