Се одржува Ден на дијаспората на манастирско туристичкиот комплекс Еленец во село Цера

Во манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, денеска се одржува 7-та по ред манифестација Ден на дијапспора.

Настанот е во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса” со поддршка на иселениците и општина Македонска Каменица, а во рамки на истиот беше организирана Културно-уметничка програма.

Како и секоја година со исклучок на периодот на пандемијата, КИЦ ,,Романса” е главен организатор на настанот, заедно со нашите иселеници кои се надвор од државата. Во рамки на репертоарот оваа година имаме настап на локалниот Актив Бенд и пејачот Дарко Билбилоски” – истакна директорот на КИЦ ,, Романса” Гоце Стојановски.

Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски кој присуствуваше на настанот, истакна “дека во рамки на средбата со градоначалникот на М.Каменица, Димчо Атанасовски размениле искуства и мислења во делот на подобрување на условите на реинтегрирање на иселениците кои сакаат да инвестираат во родниот крај”.

“Како Агенција за иселеништво на годишно ниво имаме програми кои ги реализираме, така да оваа средба и финансиски ќе ја поддржиме. Останува исто така понатаму да работиме на тоа сите иселеници кои се заинтересирани, да можат активно да се вклучат во тие програми кои се реализираат од страна на Агенцијата” – рече Близнаковски.

Апелираше иселениците активно да ги користат информациите, кои редовно се ажурираат на веб-страната на Агенцијата, со цел полесен пристап до документите за оние кои сакаат да инвестираат во своите општини.

Градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски додаде дека иако “во моментот реинтегирањето на иселениците  оди тешко, посочи дека како градоначалник на општина Македонска Каменица ќе даде се од себе да допринесе во тој процес”.

“Со директорот на Агенцијата за иселеништво Зоран Близнаковски кој денес е овде имаме одлична соработка, можеме да реализираме разни проекти кои ќе бидат од корист и полза не самона иселениците кои што ќе бидат тука туку и на нашите сограѓани” – рече градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

Иселеникот Стојмир Тасков од село Цера кој повеќе од 25 години со семејството живее во Германија вели дека секогаш е задоволство да се дојде дома на вакви средби, но лошо е што младите луѓе овде немаат егзистенција и затоа се иселуваат се повеќе во последните години.

Во рамки на настанот како резултат на добрата соработка, директорот на КИЦ ,,Романса” на претставниците на Агенцијата за иселеништво и градоначалникот Димчо Атанасовски им додели благодарници, по што се служеше заеднички ручек за присутните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *