Се „вжештува“ атмосферата во ФК Каменица Саса

 

Македонска Каменица, 18. Септември 2023 година – Во прилог објавуваме Соопштение за јавност кое денеска ни пристигна од ФК Каменица Саса. Соопштението доаѓа по вчера одржаниот УО на ФК Каменица Саса во клубските простории од Куќата на спортот во Македонска Каменица.
Целиот текст од Соопштението за јавност:

На ден 17.09.2023 година, во клубските простории од Куќата на спортот во Македонска Каменица, се одржа состанок на УО на ФК Каменица Саса. На состанокот присуствуваа и членови на Собранието на клубот. По барање на раководството на клубот, на состанокот присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски кој непосредно се запозна со проблемите со кои се соочува клубот.

Целта на состанокот беше надминување и детектирање на причините за слабите резултати на клубот во првите пет кола од II мфл. Од вчерашниот состанок, по исцрпната расправа, произлегоа следниве три заклучоци:

– незадоволство од Рудникот Саса за последните две сезони за енормното намалување на финансиските средства што е голем проблем за опстојувањето на клубот и акумулираните долгови кои се доста високи. За таа цел, ќе биде формиран тим кој ќе побара состанок со генералниот директор на Рудник Саса со цел потпишување на повеќегодишен договор за финансиска помош на ФК Саса;
– да се направи анализа на играчкиот и тренерски потенцијал со цел подобрување на играта и резултатите и
– да се направи ревизија на финансиското работење со цел да се утврди причината за големиот долг кој го има клубот.

За во петок 22.09.2023 година, е закажано вонредно Собрание на ФК Каменица Саса, на кое ќе биде избиран нов претседател на клубот. Досегашниот претседател на клубот Борче Максимов, најави оставка.

ФК Каменица Саса, по пет одиграни кола во рамки на Втората фудбалска лига на Македонија, со само еден освоен бод се наоѓа на претпоследното место од табелата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *