Сестрите Зафировски бележат одлични настапи во скопски Вардар

Сестрите Зафировски бележат одлични настапи во кошаркарскиот клуб Вардар од Скопје

 

По стапките на Моника Зафировска (20), која пред два месеци ги промени клубските бои и настапува во тимот на скопски Вардар, тргна и помладата Милена Зафировска (14). Сестрите Зафировски продолжуваат да креираат успешни кошаркарски кариери во боите на ЖКК Вардар од Скопје и во составот на младинските репрезентации на Македонија до 20, односно до 14 години.

 

Минатиот викенд Милена Зафировска, беше во составот на женската младинска екипа на Вардар, која оствари мини турнејата во соседна Грција. Во сите четири пријателски натпревари Вардар оствари одлични резултатати, а Милена Зафировска одлично се снајде во новата средина и прикажа солидна игра на теренот.

Моника Зафировска, иако само два месеци е во боите на Вардар, веќе е етаблиран член на првиот тим. Како брз, борбен и дисциплиниран играч, Зафировска дава огромен придонес во играта на Вардар. Во Вардар доаѓа од  ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, каде е дел од шампионскот тим со кој во натпреварувачката 2020/21 сезона ги освојува двете круни од македонската клубска кошарка.

Како играчи на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, а сега и како членови на скопски Вардар, сестрите Зафировски се дел од младинските репрезентации на Македонија.

Милена Зафировска во репрезентативниот дрес на Македонија за младинки до 14 години е играч од бековската позиција. Веќе успешно настапи на повеќе репрезентативни турнири во Турција, Косово, Романија и Бугарија. Повозрасната Моника Зафировска е далеку поискусна на репрезентативен план. Како стандарден репрезентативец на повеќе младински состави на Македонија, оваа година е еден од главните носители на играта во репрезентација до 20 години.

Наша обврска останува да ги следиме нивните настапи во дресовите со бројот 9 и да им посакаме уште многу успеси на клубски и репрезентативен план.

 

 

Пишува: Горан Бразда

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *