Село во Италија продава куќи за 1 евро

Селцето Ололои, дестинација во планинскиот регион на Барбаја на Медитеранскиот остров Сардинија, продава стотици напуштени домови само за 1 евро ($ 1,20), пишува CNN. Ова не е прва италијанска населба која се обидува да привлече нови жители со таков трик, но се чини дека е прва што ќе го исполни ветувањето. Таа, исто така ја има потребната убавина и историја за привлекување луѓе.
Сепак, стекнувањето на недвижен имот не туку така бадијала. 200-те камени куќи, кои се продаваат, се во лоша состојба и купувачите треба да се посветат на поправка во рок од три години – што веројатно ќе чини околу 25 000 долари.
Зад идејата за продажба е план за обновување на заедницата изложена на опасност да стане град на духови. Во изминатиот половина век популацијата на Ололаи се намалила од 2250 на 1300 лица, а секоја година се раѓаат само неколку бебиња.
 
„Горди сме на праисториското потекло“, рекол Ефизи Арбау, градоначалник на Ололои. „Мојата крстоносна војна е да ги спасиме нашите уникатни традиции за да не паднеме во заборав“.
Гордоста на нашето минато е нашата сила. Отсекогаш сме биле силни луѓе и нема да дозволиме нашиот град да умре“, додал тој. Стариот главен град на Барбара, Ололои останува најочигледно и недопрено место во Сардинија. Некогаш полн со живот, лавиринт од улици и калдрмни плоштади со мурали, сега е тивок, бидејќи помладите жители го напуштаат, за да отидат во поголемите градови.
Напуштени од семејствата што некогаш ги населиле, многу камени куќи се во рушевини, со децении покриени со пајажини. Градоначалникот ги убедил сопствениците на напуштените имоти да ги пренесат на име на општината, која сега бара купувачи. Тој издава посебен декрет и ги става имотите на пазарот со пониски цени во 2017 година.
 
И покрај лошите услови, веќе се продадени три куќи, а Арбау вели дека добил повеќе од 100 барања за купување од целиот свет, вклучувајќи и Русија и Австралија. Градоначалникот се надева дека реновирањето на домовите ќе помогне да се отворат нови работни места и да се заживее локалната економија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *