Свештенството го објави распоредот за присуство на вечните почивалишта за Митровденската задушница

Православната црква и верниците в сабота, на 04. Ноември 2023 година, ја одбележуваат Митровденската или есенска задушница, која секогаш е во ден сабота, во очи на големиот празник Свети Димитриј Солунски – Митровден.

За таа цел, свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица упатува Известување за распоредот и време на присуство на свештените лица на вечните почивалишта на територија на општина Македонска Каменица.

Задушница, Сабота 04. Ноември 2023 година

– с.Моштица, отец Мартин, 06:00 часот
– с.Саса, отец Дарко, 06:00 часот
– Грчки гробишта, отец Мартин, 07:30часот
– Луковица, отец Дарко, 07:30 часот
– Св. Илија, отец Мартин и отец Дарко, 09:00 часот
– Нови градски гробишта – Капела, отец Мартин и отец Дарко, 10:00 часот

 

 

Од свештенството при храмот Св.Успение на Пресвета Богородица Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *