Сведочења: Коцкањето е порок што ви го уништува бракот

Исповед на жена од Скопје, жена чив маж се коцка “до последно”, иако знае дека тоне и губи се околу себе, дека губи и пари, и брак, и живот и се што има(л):


Во брак сум веќе 4 години и имам тригодишен син.
Проблемот е во тоа што маж ми се коцка и сите пари што ги заработува ги даваме за кредит и за неговите долгови.
Се почна уште од свадбата, парите што ги добивме на подарок ги земаше малку по малку без мое знаење и ги трошеше на коцка.
Кога дознав за тоа кажав на неговите и тие ми кажаа дека го правел тоа и порано ги земал парите на неговите, па дури и го продал накитот на мајка му за да се коцка. Останав зачудена.
Разговарав со него и ми кажа дека имал и кредит што го плаќал и кредитна картичка во минус.
Мислев се ќе се среди но не беше така. Два пати одеше во на работа во странство и зеде убава пара од која не ни остана ништо. Првиот пат рече дека го отплатил кредитот со парите но тоа беше лага. М е гледаше во очи и ме лажеше Кога се се дозна рече дека мора да подигне кредит за да го затвори првиот и да ја наполни картичката. И пак се најдовме на почеток еден затворен а друг уште поголем отворен кредит.
И што е најлошо уште една кредитна картичка за која јас не знаев, секако во минус.
Вториот пат кога замина на пат ми кажа дека должел пари не некого многу пари и ми рече мене да ги вратам како ќе му доаѓа платата. Ги вратив, но тука не заврши се. Решив да го довршам започнатиот факултет и оставивме доволно пари на сметка за трошоците околу него. Есенва кога требаше да платам рата одам во банка да подигнам пари ама нема , останав зачудена , засрамена. Се прашував како? Како кога му верував дека се сменил? се прашував како можев да му верувам. 


Тој сеуште се коцка, не кажува колку плата зема не кажува каде ја троши, ги крие писмата од банка, сметките. Дури и лаже дека ги плаќа сметките за по дома.
Незнам што да правам веќе, како да му помогнам ако воопшто може да му се помогне.
Тој е свесен дека тоне и пак не се откажува и последните пари ги троши на коцка.

(С.Т) Кисела Вода – Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *