САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени

САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени

Македонска Каменица, 30.06.2022 – Почитувајќи ја напорната работа и посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, менаџерскиот тим на САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени.

Рудник Саса – Македонска Каменица

Почнувајќи од утре, 1.јули 2022 година, сите вработени во Рудник САСА ќе добијат зголемување на вкупно исплатената плата од дополнителни најмалку 4.300 денари. Со тоа, просечната плата што ја обезбедува САСА ќе биде до 80% повисока од просечната плата во земјава.
Ова зголемување на платите го надополнува зголемувањето на нето платата од 3% што Саса го исплатува од јануари годинава. Дополнително просечно зголемување од 3% добија работниците преку прилагодување на неделните часови во смени, што исто така беше спроведено оваа година. Така, со најновото покачување, платата на секој вработен во Рудник САСА само во текот на 2022 година е зголемена за најмалку 10%.


„Овие зголемувања на платите се дел од нашата трајна определба за обезбедување благосостојба и социјална сигурност на сите наши вработени, со тоа што тие ќе бидат соодветно наградени за нивните напори и постигнувања. Истовремено на овој начин сакаме дополнително да ги мотивираме нашите вработени со цел да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во работењето. Паралелно, продолжуваме да инвестираме и во модернизација на производството, во безбедноста, во заштитата на животната средина и во проекти што се значајни за локалната заедница, со што се трудиме да обезбедиме натамошен одржлив развој на САСА“, изјави генералниот директор на САСА, Скот Јеланд.

Leave a Reply

Your email address will not be published.