САСА повторно победува!

После победата од минатото 19. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, против екипата на Братство од 1:0, денеска ФК Каменица САСА славеше на гостувањето во Градско против ФК Локомотива со високи 0:4.

Во денешниот натпревар екипата на ФК Каменица САСА прикажа одлична игра со постигнати 4 погодоци во противничката мрежа. Првиот погодок дојде по само 2 минути игра, кога Нешовски ја навести убедливата победа на гостите.

Сепак, на полувреме екипите заминаа со истиот резултат, за гостите во средината на вториот дел го остварат планираниот биланс од денешниот натпревар “Три бода и висока победа против последнопласираната екипа на табелата”. За 0:2 стрелаше Борче Гогов во 62 минута. Со голот на Бобан Тасевски во 77 минута, екипата на САСА ја осигура победата со недостижни 0:3. Во самиот финиш на натпреварот Даниел Гоцевски стрелаше за конечни 0:4.

ФК Каменица САСА по 20 одиграни кола, со 40 бодови се наоѓа на 4 позиција, каде заостанува само 4 бодови зад лидерот на табелата ФК Слога од Виница. Втора е Победа од Прилеп со 41 бод, како и струмичка Беласица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *